Хот и Хот Сити

Населбата HOT-HOT CITY е прва од низата населби што ќе се градат во иднина. Населбата се простира на површина од 17 000 м2 и како целина е оградена.
HOT-HOT CITY е лоцирана на 700 м од скопската обиколница и е со асфалтен пат дирекно поврзана со клучка. Овој тип на домување е широко распространет во Америка и во некои останати земји и истиот придонесува безбедност, интимност и ексклузивност во домувањето. Секој купец на објект во HOT-HOT CITY добива сопствен имотен лист. Пред подпишувањето на договорот неопходно е да се потпише нотарски акт со кодексот на однесување.
Самата населба инфраструктурно е целина за себе и нејзините содржини обезбедуваат еден ексклузивен конфорен и безбеден живот. Во склопот на компанијата ХОТ-ХОТ која ќе ја менаџира оваа и сите останати населби ќе постојат служби за хортикултурно одржување на дворовите, служба за одржување на базените и хаус-мајсторска служба. Користењето на овие служби ќе биде по желба на купувачите.
Обезбедувањето на населбата ќе биде извршувано со 24 часовен мониторинг.
Влезот и излезот за сопствениците во HOT-HOT CITY е снабден со посебни чип картици, а посетителите ќе можат да влезат со претходно одобрување од сопственикот.


Тип 200 D1
220 000 €




Тип 200 D2
220 000 €



