01 / Дом што остава впечаток

Модерни куќи, создадени за живот.

Современ дом „клуч на рака“, изграден на Вашата парцела — низ цела Македонија.

Клуч на ракаКомплетна изведба100–120 денаЗа дом околу 100 m²Цела МакедонијаИзградба на Ваша парцела

02 / За Hot-Hot

Три децении знаење зад секој нов објект.

Hot-Hot Home Solution е градежна компанија со 30-годишно искуство во проектирање и изведба на современи објекти. Од првата скица до целосната реализација, секој проект го водиме организирано, стручно и со внимание кон секој детал.

Нашиот тим го сочинуваат архитекти и инженери кои ги претвораат потребите на клиентот во функционални, безбедни и долговечни решенија. Како лиценцирана компанија за проектирање и изведба, имаме искуство со различни типови објекти — од хотели и викендички до семејни куќи за секојдневно живеење.

30години искуство
Стручен тимархитекти и инженери
Лиценцираниза проектирање и изведба
Нашето искуство
  • Хотели
  • Семејни куќи
  • Викендички
  • Други станбени и деловни објекти

03 / Нашата понуда

Избрани модели

Повлечете за да ги разгледате моделите

Цените се за стандардниот пакет. Темелот/бетонската плоча и дворното уредување не се вклучени. Конечната цена зависи од проектот и условите на парцелата.

Главниот влез во приватната населба Hot-Hot City

04 / Приватна населба

Вашиот готов дом во Hot-Hot City.

Приватна населба на Hot-Hot во која се продаваат готови семејни куќи — современо проектирани, комплетно изведени и подготвени за новите сопственици.

Достапна куќа во населбата

Hot-Hot City · Тип 200

Готова куќа за продажба · веднаш достапна

Организација на просторот

Приземје и кат

Допрете ја основата за поголем и подетален приказ.

05 / Реализирани домови

Изведени проекти

Реални фотографии од нашите изведби

Реализирана локација

Струмица

Објекти 38–46

Реализирана локација

Бардовци

Објекти 47–50

Реализирана локација

Добридол

Објекти 01–09

Реализирана локација

Побожје

Објекти 10–14

Реализирана локација

Мирковци

Објекти 15–26

Реализирана локација

Hot-Hot City

Објекти 27–28

Реализирана локација

Струга

Објекти 29–37

06 / Од конструкција до клуч

Што вклучува „клуч на рака“?

Пакетот „клуч на рака“ значи дека ние ја организираме и изведуваме куќата до договорен степен на готовост, а клиентот ги обезбедува парцелата, подготовката на теренот и надворешните услови потребни за почеток на градбата.

Разговарајте со нас
01
Наша обврска

Изведба на куќата

  • Прилагодување на проектот и организација на изведбата
  • Носечка конструкција, изолација, фасада и кров
  • Внатрешна електроинсталација, водовод и канализација
  • PVC прозори
  • Влезна и внатрешни врати
  • Ламинат, глетување и бојадисување
  • Бања со керамика и санитарија
  • Завршна контрола и предавање на објектот
02
Обврска на клиентот

Подготвена парцела и услови

  • Градежна парцела со обезбеден пристап за транспорт и механизација
  • Имотен лист, урбанистички услови и потребни одобренија
  • Подготвен темел / бетонска плоча според доставените насоки
  • Доведени приклучоци за струја, вода и канализација до објектот
  • Дворно уредување, освен ако посебно не е договорено

Точниот опфат, материјалите и поделбата на обврските се дефинираат во понудата и договорот за конкретниот проект.

07 / Јасен процес

Од идеја до Вашиот нов дом

01

Разговор и избор

Ги утврдуваме квадратурата, моделот и потребите на Вашето семејство.

02

Проект и подготовка

Нашите архитекти и инженери го приспособуваат домот на парцелата.

03

Изградба

Организирана изведба со јасни фази и редовна комуникација.

04

Предавање клуч

Завршен преглед и дом подготвен за вселување.

Да го изградиме Вашиот дом

Имате парцела?
Следниот чекор е разговор.

Кажете ни колкава куќа посакувате и во кој град се наоѓа парцелата.

Нашата канцеларијаHot-Hot Home Solution, Скопје
Отвори во Google Maps
Јавете се 075 296 113